Корисничко име Лозинка Пријави се
14.12.2016

Наполи во јануари ќе купува напаѓач од Џенова

Наполи и Џенова се договорија за трансфер на напаѓачот Леонардо Паволети во јануари за 18 милиони евра, пренесуваат италијанските медиуми.

„Наполитанците“ повеќе седмици се обидуваа да го реализираат овој трансфер бидејќи Паволети им беше приоритет како замена за повредениот центарфор Аркадјуш Милик.
Проблем за комплетирање на трансферот би можело да биде медицинскиот преглед, поради тоа што Паволети имаше неколку повреди оваа сезона.
Тој е надвор од игра од крајот на ноември, но се очекува да се врати на теренот по божиќната пауза во Серија А.
Овој 27-годишен напаѓач постигна три гола на десет натпревари во Серија А оваа есен. Блесна минатата сезона со 14 погодоци на 25 настапи за Џенова.
Со доаѓањето на Паволети, извесно е дали Наполи ќе го продаде Маноло Габијадини, за кого се заинтересирани Валенсија, Вест хем и Стоук.

Најнови вести