Корисничко име Лозинка Пријави се
14.12.2016

Оскар потврди: Детали ме делат од Шангај

Оскар, фудбалерот на Челзи, изјави дека е блиску до трансфер во кинескиот Шангај СИПГ за 60 милиони фунти.

Бразилецот оваа сезона го изгуби местото во стартната постава кај Антонио Конте, со промената на формацијата на 3-4-3, па одлучи да го прифати повикот на Андре Вилаш-Боаш во Кина.
„Околу 90 отсто од работата е завршена. Преостанаа само детали за да направам трансфер во Шангај“, изјави Оскар.
Неговиот трансфер ќе биде нов рекорд на кинескиот и на азискиот фудбал, а и претходниот го направи Шангај СИПГ, плаќајќи му на Зенит 55,8 милиони евра за земјакот на Оскар, Хулк.
Оскар во Челзи дојде во 2012 година од бразилскиот Интернасионал за 25 милиони фунти, во меѓувреме постигна 38 голови на 202 натпревари и ги освои Премиер лигата, Лига купот и Лигата на Европа.
Откако беше стандарден првотимец на стартот на тековната сезона, Конте го исфрли од првите 11 по поразот од Ливерпул, па Бразилецот во изминатите неколку месеци имаше само еден старт, во Лига купот против Вест хем.
На десет натпревари ниту еднаш не беше стрелец, а местото во поставата му го презеде Шпанецот Франсеск Фабрегас.

 

Најнови вести