Корисничко име Лозинка Пријави се
15.12.2016

Голем пех за Гвардиола, Гундоган во аут неколку месеци

Пеп Гвардиола, тренерот на Манчестер сити, има голем проблем пред продолжението на сезоната.

Илкај Гундоган се повреди во 44-тата минута во натпреварот против Ватфорд, мораше да го замени Фернандо, а уште тогаш се загрижија навивачите на Манчестер сити бидејќи очигледно беше дека се работи за сериозна повреда.
Германскиот фудбалер ќе мора да отсуствува од теренот неколку месеци.
„Мислам дека ќе мора да бидеме без Гундоган неколку месеци. Тоа се многу тажни вести за нас, мислам дека се работи за повреда на лигаментите на коленото“, изјави на конференцијата Пеп Гвардиола.
Гундоган беше еден од најдобрите играчи на Манчестер сити во претходниот период, а Гвардиола овој викенд ќе биде лишен не само од неговите услуги, туку и од Агуеро и Фернандињо.
За должината на отсуството повеќе ќе се знае во текот на денешниот ден, но сигурно се работи за најмалку 3-4 месеци.
Можеби оваа повреда значи дека Манчестер сити се откажува од титулата, или можеби значи дека Јаја Туре ќе добие повеќе минути.

Најнови вести