15.12.2016 Најголемите клубови: Не го проширувајте Мундијалот
Најголемите европски клубови побараа од Џани Инфантино, претседателот на ФИФА, да не го проширува Светското првенство туку да го задржи сегашниот формат од 32 тима.
Карл-Хајнц Румениге, претседателот на Европската асоцијација на клубовите, изјави дека бројот на натпревари кои се играат секоја година веќе достигнал неприфатливо ниво.
Румениге изјави дека во петокот му пишал на Инфантино, а можната одлука за проширување на Мундијалот ќе биде донесена на состанокот на Советот на ФИФА на десетти јануари.
Инфантино претходно изјави дека сака Мундијал со 48 тимови, со што бројот на играчите би се зголемил за 368. Поголемо и попрофитабилно Светско првенство би му помогнало на претседателот на ФИФА да ги исполни предизборните ветувања.
„Политиката и заработката не би требало да бидат ексклузивен приоритет во фудбалот“, изјави Румениге.
Истражувањето на Европската асоцијација на клубовите покажа дека 76 отсто од фудбалерите на Светското првенство 2014 година биле од европските клубови.