Корисничко име Лозинка Пријави се
15.12.2016

Реал рутински во финалето

Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Клуб Америка со резултат 2-0 во полуфиналето на Светското клупско првенство.

Головите се постигнати во финишот на првото, односно на второто полувреме, а комбинираниот тим на Реал иако имаше поголема контрола врз топката, не погаѓаше лесно.
Кралскиот клуб поведе во втората минута од продолжението на првото полувреме со голот на Карим Бензема, по асистенцијата на Тони Крос.
Екипата на Клуб Америка во продолжението на натпреварот успеа да создаде неколку сериозни шанси, но ниту една топка не заврши во голот на Навас.
Кристијано Роналдо напаѓаше, создаваше шанси, но среќата не беше на негова страна сè до судиското продолжението на времето, кога ја затресе противничката мрежа.
Успеа сам да излезе пред Муњоз и да го совлада, но кога веќе почна да го слави голот, судијата побара асистенција од видеотехнологијата, поради сомнение за офсајд.
По неколку моменти, голот беше признат и славењето на Реал можеше да почне.
Во финалето, кое се игра во недела, на 18-ти декември, ќе се сретнат Реал Мадрид и јапонската Кашима Антлерс, која во полуфиналето славеше против Атлетико Насионал со резултат 3-0.

 

Најнови вести