Корисничко име Лозинка Пријави се
15.12.2016

Роналдо го постигна 500-от гол

Реал Мадрид се пласира во финалето на Светското клупско првенство со победата против Клуб Америка (2-0), а натпреварот ќе остане запаметен по два интересни статистички податока.

Карим Бензема му донесе предност на кралскиот клуб во втората минута од продолжението на времето во првиот дел од играта и со тоа стана прв играч на Реал кој беше стрелец на две Светски клупски првенства (во 2014 година и сега).
Победата на Реал ја завери Кристијано Роналдо во третата минута од судиското продолжение, а тој на Португалецот му е 500-ти гол во кариерата постигнат во клупскиот фудбал.
Роналдо 500 голови постигна носејќи го дресот на три клуба, Спортинг Лисабон, Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, на 689 одиграни натпревари.
Во 31 настап за Спортинг, Роналдо постигна пет гола, во дресот на Јунајтед на 292 натпревари мрежата ја затресе 118 пати, а за Реал на 366 настапи постигна 377 погодоци.
Во кариерата Роналдо постигна 40 хет-трика, а мрежата ја погоди на 92 различни клуба. Најмногу пати го матираше голманот на Севилја, 22, на Хетафе му даде 20 голови, а на Атлетико Мадрид два помалку.
Најубиствен Роналдо беше во минатата сезона, кога во сите натпреварувања постигна 61 гол, а со еден помалку ја заврши сезоната 2011/12.
Првиот гол го постигна во победата на Спортинг против Мореиренсе (3-0) на седми октомври 2002 година.

Најнови вести