Корисничко име Лозинка Пријави се
16.12.2016

Јувентус: Стураро до 2021 година, наскоро ќе потпише и Дибала

Торинскиот клуб Јувентус го продолжи договорот со Стефано Стураро до 2021 година.

Јувентус во соопштението изјави многу пофални зборови за 23-годишниот фудбалер за врска, за кого е наведено дека се очекува да стане еден од најважните италијански играчи во наредниот период.
„Стураро досега се покажа како совршена замена, фудбалерот кој од клупата даваше неизмерлив придонес и со тоа ги доживеа најрадосните моменти, како што беа натпреварите со Баерн Минхен и со Реал Мадрид во Лигата на шампионите“, пишува во соопштението на Јувентус.
Стураро во Јувентус дојде во 2014 година од Џенова и за торинскиот клуб играше на 43 натпревари и постигна два гола. Стана репрезентативец на Италија, а за националниот тим настапи четири пати.
Исто така, нов договор наскоро би можело да потпише и аргентинскиот напаѓач Пауло Дибала, кој изјави дека има намера долго да остане во Јувентус.
„Среќен сум овде и сакам да бидам дел од Јувентус уште долго време“, изјави за италијанските медиуми Дибала, кого договорот го врзува до летото 2020 година.
Дибала во Јувентус дојде пред година и пол, а со добрите игри го привлече вниманието кон себе на најголемите клубови, како што е Барселона. Тој за торинскиот клуб на 59 натпревари даде 27 голови.

Најнови вести