Корисничко име Лозинка Пријави се
16.12.2016

Хебеј му нуди на Меси сто милиони евра годишно!

Кинескиот суперлигаш Хебеј ќе се обиде да го доведе Лионел Меси, најдобриот фудбалер на Барселона, за неверојатна сума пари, пишува шпанскиот „АС“.

Мадридскиот весник најави трансфер кој би ги поместил границите во фудбалот, бидејќи Кинезите на Меси му нудат пола милијарда евра за пет години, односно 100.000.000 по сезона.
Меси, кој е член на каталонскиот клуб од тринаесетгодишна возраст, е еден од најдобрите фудбалери на светот и врзан е со договор до 2018 година, по што, според наводите, би можело да ја промени средината и да стане најплатениот фудбалер на сите времиња.
Некои шпански медиуми неодамна објавија дека Меси одбил да го продолжи договорот со Каталонците и дека најавил дека ќе почека да му истече актуелниот, за да побара нов предизвик во кариерата, но од „Камп ноу“ повеќе пати изјавија дека преговорите за продолжување на соработката ќе почнат на почетокот на следната година.
Меси во Барселона дојде како момче во 2003 година, а за првиот тим постигна 475 голови на 550 натпревари и освои сè што можеше да се освои.

 

Најнови вести