Корисничко име Лозинка Пријави се
17.12.2016

Боатенг ќе мора да оди на операција

Фудбалерот на Баерн од Минхен ќе мора да оди на операција на рамото, ќе отсуствува можеби и до февруари следната година.

Џером Боатенг, еден од најстандардните фудбалери на Баерн од Минхен, ќе мора да отсуствува од теренот 6-10 седмици, пренесува „Евроспорт“.
Познатиот медиум пренесува дека овој фудбалер го повредил рамото и дека ќе мора да му биде извршена операција во најбрзо време.
На вчерашната конференција за новинарите Карло Анчелоти изјави дека до повредата дошло на тренингот во четвртокот, но дека тој сметал дека Боатенг ќе го пропушти само натпреварот против Дармштад, кој се игра викендов.
Но работите се многу поинакви, па Баерн ќе биде без услугите на Боатенг сè до јануари.

Најнови вести