Корисничко име Лозинка Пријави се
17.12.2016

Салах закрепна, подготвен е за Јувентус

Мохамед Салах, крилниот напаѓач на Рома, закрепна од повредата и ќе биде подготвен за натпреварот со Јувентус овој викенд, пренесува „Скај спорт“.

Брзоногиот напаѓач од Египет беше надвор од теренот две и пол седмици поради повреда на глуждот, ги пропушти победите во дербијата против Лацио (2-0) и против Милан (1-0), но ќе биде во составот за дуелот со лидерот на Серија А.
Тој вчера го одработи тренингот со екипата со пол интензитет и најверојатно против Јувентус ќе влезе од клупата за резерви. Салах е еден од клучните фудбалери на римскиот клуб, на 14 натпревари во италијанското првенство постигна осум голови и забележа четири асистенции.
Јувентус има четири бода повеќе од Рома на табелата на Серија А, а нивниот натпревар на програмата е вечерва, од 20.45 часот во Торино.

Најнови вести