Корисничко име Лозинка Пријави се
17.12.2016

Илкај Гундоган ја заврши сезоната

Илкај Гундоган, фудбалерот на Манчестер сити, ја заврши сезоната поради повреда на предните вкрстени лигаменти на коленото, потврди клубот.

Гундоган се повреди во дуелот со Ватфорд (3-0) во средата, а поради природата на повредата, се очекува да паузира од шест до девет седмици.
Германскиот репрезентативец го повреди истото колено со кое имаше проблеми во мај, поради што го пропушти Европското првенство во Франција, а ова му е втора голема повреда во кариерата.
Како фудбалер на Борусија Дортмунд одигра само три натпревари во сезоната 2013/14 поради повреда на грбот, поради која не настапи ниту на Светското првенство во Бразил 2014 година.
„Ќе биде долго надвор од теренот. Ова е тешко за него, тажно... Ќе ни недостасува многу, но тоа е фудбалот. Сега ни останува само да чекаме да се врати. Ќе му биде извршена операција и се надевам дека ќе се врати во најкраток можен рок“, изјави Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити.
Гундоган беше првиот фудбалер што го доведе Гвардиола кога го презеде Сити, во Манчестер стигна за 20 милиони фунти.
Играчот за врска на Сити оваа сезона одигра 16 натпревари и постигна пет голови.

Најнови вести