Корисничко име Лозинка Пријави се
17.12.2016

Венгер: Натпреварот со Сити уживање за навивачите

Арсен Венгер, менаџерот на Арсенал, изјави дека дуелот со Манчестер сити ќе биде уживање за сите љубители на фудбалот.

„Топчиите“ ја делат втората позиција во Премиер лигата со 34 бода, еден повеќе од Сити, а на „Етихад“ одат по поразот од Евертон по пресвртот, прв од август во првенството.
„Мораме да реагираме на поразот со позитивен резултат. Верувам дека сме во конкуренција за титулата, а во такви ситуации кога ќе разочараш, мораш да одговориш на вистински начин. Секој натпревар во Премиер лигата е поинаков и на посебен начин потежок и понеизвесен. Она што се очекува од врвните натпревари, е да одговориш на очекувањата. Верувам дека двата тима се способни за тоа, па очекувам голем натпревар и посебно искуство за луѓето кои го сакаат фудбалот“, изјави Венгер.
Арсенал е непоразен од Сити во последните седум дуели, тимот на Венгер доби четири натпревари, еден и во Манчестер во јануари 2015 година.
Дербито на 17-тото коло на Премиер лигата на програмата е утре, од 17 часот.

Најнови вести