Корисничко име Лозинка Пријави се
19.12.2016

Мурињо: Златан има менталитет на Супермен

Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, изјави дека Златан Ибрахимовиќ покажал дека има менталитет на Супермен.

„Тој е вид играч кој не треба никому да се докажува или воопшто што било да докажува, но кога одлучи да дојде во Англија на залезот на кариерата - во најтешката лига на светот – сметам дека докажа дека има менталитет на Супермен“, изјави Мурињо во негов стил.
Феноменалниот триесет и петгодишен Швеѓанец ги постигна двата гола во победата на Јунајтед над Вест Бромич албион во гости, своите десетти и единаесетти во Премиер лигата, односно вкупно десетти во последните девет средби.
„Тоа што тој го работи на 35 години во Премиер лигата е сон на секој напаѓач на 25 години. Морам да го одморам, бидејќи сега имаме малку повеќе простор за тоа. Не е само тој во прашање, туку сите“, додаде Жозе.

Најнови вести