Корисничко име Лозинка Пријави се
19.12.2016

Венгер: Судиите се заштитени како лавови во Зоолошка градина

Арсен Венгер, менаџерот на Арсенал, изјави дека е незадоволен од судењето на натпреварот од 17-тото коло на Премиер лигата, во кој неговиот тим изгуби од Манчестер сити (2-1).

„Топчиите“ на „Етихад“ поведоа со голот на Тео Волкот во петтата минута од натпреварот, а во втората минута од продолжението на средбата Лерој Сане изедначи,  голот беше признат иако на забавената снимка се виде дека германскиот фудбалер беше во офсајд.
Рахим Стерлинг во 70-тата минута погоди за конечни 2-1, а францускиот стратег остро ги критикуваше судиите во дербито од 17-тото коло на англискиот шампионат.
„Мислам дека психички паднавме во второто полувреме, иако добро го одигравме првото. Разочаран сум и вознемирен. Тешко е да се прифати тоа и да се игра кога се донесуваат одлуки против вас. Очигледно е дека судиите се многу добро заштитени, како лавовите во зоолошка градина“, изјави Венгер.
Арсенал прв пат по две години забележа два последователни порази, а по 17 кола, се наоѓа на четвртата позиција на табелата со 34 бода.
„Топчиите“ во наредното коло ја дочекуваат екипата на Вест Бромич албион.

Најнови вести