19.12.2016 Леонардо Бонучи не мрда од Јувентус
Леонардо Бонучи ја потврди својата верност кон Јувентус откако денес потпиша нов договор.
Искусниот одбранбен фудбалер денес и официјално потпиша нов договор со италијанскиот шампион.
Бонучи потпиша нов договор до 2021 година, па со тоа им даде одговор на Манчестер сити и на Челзи, коишто го сакаа ова лето.
Тој во „старата дама“ направи трансфер во 2010 година од Бари и досега одигра 291 натпревар.
Со Јувентус ги освои сите можни трофеи, пет пати шампионската титула на Серија А, два пати Купот на Италија и три пати Суперкупот на Италија.