Корисничко име Лозинка Пријави се
19.12.2016

Сампаоли: Севилја стекна почитување во Примера

Хорхе Сампаоли, тренерот на Севилја, денес изјави дека неговиот клуб оваа сезона стекнал почитување во шпанскиот фудбал со тоа што првиот дел од сезоната го заврши на третото место во Примера лигата.

„Ме прави среќен тоа што сега стекнавме почитување во шпанскиот фудбал. Воодушевен сум од резултатот, но и од тоа што сите стекнавме почитување поради начинот на којшто играме“, изјави Сампаоли за шпанските медиуми.
Севилја полусезоната во шпанското првенство ја заврши со заостанување од еден бод во однос на второпласираната Барселона, а со четири од водечкиот Реал Мадрид, кој има натпревар помалку.
Исто така, актуелниот освојувач на Лигата на Европа ќе игра во втората фаза на Лигата на шампионите, а противник во осминафиналето на тоа натпреварување ќе му биде шампионот на Англија, Лестер.
Сампаоли изјави дека добрите резултати ќе бидат голем поттик пред продолжението на сезоната и додаде дека е уверен дека и на крајот на сезоната сите поврзани со клубот ќе бидат задоволни од резултатите.

Најнови вести