Корисничко име Лозинка Пријави се
20.12.2016

Лестер го оспорува црвениот картон на Варди

Лестер поднесе жалба за директниот црвен картон кој го доби напаѓачот Џејми Варди во саботата против Стоук (2-2).

Варди се лизна со двете нозе и ја исфрли топката, но потоа го зафати Маме Бирам Диуф, поради што беше исклучен уште во 28-мата минута од натпреварот.
Судијата Крег Поусон без двоумење му го покажа картонот поради кој ќе биде суспендиран на три натпревари (Евертон, Вест хем, Мидлсборо) доколку ФА не ја уважи жалбата на „лисиците“.
„Ја удри топката, не направи фаул, можеби е за жолт картон, но не е за црвен“, изјави уверено Клаудио Раниери, менаџерот на Лестер.
Варди постигна пет гола во Премиер лигата во тековната сезона, а Лестер се наоѓа дури на 15-тото место, само со три бода од зоната за испаѓање по 17 одиграни кола.

 

Најнови вести