Корисничко име Лозинка Пријави се
20.12.2016

Клоп: Евертон играше див фудбал

Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, изјави дека не може да се сети на ниту една шанса на Евертон, кој според него играше див фудбал.

„Беше многу напнато, но многу сме среќни што успеавме да славиме, морам да истакнам заслужено, во многу тежок натпревар. Најдобрата работа која може да ја направите во ваквите средби е да триумфирате, а видовте колку беа среќни нашите навивачи“, изјави Клоп.
Дербито на Мерсисајд не го донесе очекуваниот квалитет на фудбалот, но реми без голови  спречи Садио Мане во четвртата минута од судиското продолжение.
„Не им дозволивме да создадат премногу шанси, искрено, не можам да се сетам на ниту една шанса на Евертон. Нивниот план беше див фудбал. Нè бркаа низ целиот терен, а тешко е да се игра кога противникот има таков пристап. Не успеавме да ги исконтролираме во првото полувреме, но подобро ќе реагираме на ваквите ситуации за неколку месеци. Од друга страна, бевме многу подобри во вториот дел, а иако и претходно можевме да дојдеме до гол, не ме загрижува премногу. Важна е само победата“, додаде Клоп.
„Црвените“ по оваа победа, се наоѓаат на второто место во Премиер лигата, со шест бодови помалку од лидерот Челзи.

Најнови вести