Корисничко име Лозинка Пријави се
20.12.2016

Ако не ја освои титулата, Спалети ќе ја напушти Рома

Лучијано Спалети, тренерот на Рома, е подготвен да ја напушти клупата на римјаните ако не ја освои титулата во Серија А оваа сезона, пренесоа италијанските медиуми.

Умберто Гандини, извршниот директор на Рома, изјави дека одлуката е во рацете на тренерот.
„Иднината на Спалети е во негови раце. Тој прави сè што е можно за да заслужи продолжување на договорот. Подготвени сме да седнеме и да разговараме за продолжување на соработката“, изјави Гандини за весникот „Газета дело спорт“.
Според неговите зборови, во клубот и понатаму се надеваат дека ќе ги оствари целите оваа сезона, и покрај неодамнешниот пораз од лидерот на табелата, Јувентус.
„Нокаутот во Торино не нè вознемири многу, иако постои разочарување и горчлив вкус. Сепак, се надеваме дека ќе ги оствариме целите“, изјави Гандини.
Рома по 17 одиграни кола, се наоѓа на второто место во италијанското првенство со 35 бода, седум помалку од Јувентус, а еден повеќе од Наполи и од Милан.

Најнови вести