20.12.2016 Арсенал: Паје и Ројс ќе ги заменат Санчес и Озил
Арсен Венгер најде замена за Алексис Санчес и Месут Озил доколку одбијат да ги продолжат договорите - цел на клубот се Дмитри Паје и Марко Ројс.
Ројс е означен како примарна цел на Арсенал во случај да си замине барем еден од споменатиот тандем, пишува британскиот „Телеграф“.
Најдобриот фудбалер на Борусија од Дортмунд има договор до 2019 година, но на 27 години целосно созреа да се проба во Премиер лигата, а Арсенал се чини како идеална средина за него поради карактеристиките.
Ништо помалку нереална цел е и Дмитри Паје, играчот за врска на Вест хем, кој дури изјави дека би му било забавно да направи трансфер во редовите на градскиот ривал, пред сè поради стилот на игра на „топчиите“.
На Санчес и на Озил договорите со Арсенал им истекуваат во 2018 година, моментно се во преговори околу нови, но сè уште не се блиску до постигнување договор.