Корисничко име Лозинка Пријави се
21.12.2016

Проблеми за Конте: Азар неизвесен за Борнмут

Ако им се верува на сигурните англиски медиуми, Еден Азар е повреден и најверојатно нема да го игра наредниот натпревар во Премиер лигата.

Откако доби удар во натпреварот против Вест Бромич, еден Азар има проблеми со коленото.
Азар моментно оди на третмани за коленото, а е под голем знак прашалник дали ќе игра во натпреварот против Борнмут.
Во тимот дефинитивно нема да бидат Диего Коста и Н’голо Канте, коишто се суспендирани, па отсуството на Азар би било премногу за Антонио Конте.
Иако Конте има вистинско решение на позицијата офанзивен играч за врска, но секако дека отсуството на можеби и најдобриот играч во Премиер лигата во оваа сезона е удар за Челзи.
Челзи против Борнмут игра на „Стемфорд бриџ“ во понеделник во 16 часот.

Најнови вести