Корисничко име Лозинка Пријави се
21.12.2016

Енрике: Зошто да му се правдам на Ракитиќ?

Луис Енрике, тренерот на Барселона, изјави дека не мора да му се правда на фудбалерот Иван Ракитиќ поради малата минутажа.

Ракитиќ не играше во последните три натпревари на Барселона во сите натпреварувања откако беше заменет во ремито против Реал Мадрид на трети декември, предност имаат Денис Суарез и Андре Гомес.
„Нема да му се правдам на својот играч. Ракитиќ беше и ќе биде добар играч за Барселона. Морам да ги прифатам критиките и ќе продолжам да ги примам за она за што мислам дека е најдобро за тимот. Задоволен сум од ставот на Ракитиќ“, изјави Енрике.
Тој додаде дека е потребно сите играчи низ минутажата да стекнат острина во текот на сезоната.
„Тоа го гледаме секоја недела, гледаме колку минути поминале играчите на теренот. Важно е сите да бидат подготвени, но ако видите дека 11 играчи главно играат, а останатите ретко. Имаме фудбалери коишто играле повеќе од 1.000 минути во натпреварувачките натпревари. Некои можеби сè уште не знаат како функционира тимот, но повеќето играчи одиграа многу важни минути во сите натпреварувања. Се надевам дека ќе можат да напредуваат и дека секој од нив ќе го одигра својот дел до крајот на сезоната, бидејќи тогаш сè се одлучува“, додаде Енрике.
Ракитиќ (28) во 2014 година од Севилја направи трансфер во Барселона, за која досега одигра 127 натпревари и постигна 19 голови.
Хрватскиот репрезентативец со Барселона освои: две шампионски титули, два пати Кралскиот куп, Лигата на шампионите, Светското клупско првенство, Суперкупот на Европа и Суперкупот на Шпанија.

Најнови вести