Корисничко име Лозинка Пријави се
22.12.2016

Симеоне: Можеби ќе го продолжам договорот

Диего Симеоне, тренерот на Атлетико Мадрид, ги критикуваше медиумите поради шпекулациите за негово заминување на крајот на сезоната.

Повеќе седмици се шпекулира дека Аргентинецот ќе го напушти „Висенте Калдерон“ следното лето и дека ќе го преземе Интер од Милано или можеби ПСЖ.
„И понатаму може да го продолжам договорот, или веќе е напишано дека не можам?“, изјави Симеоне.
Шпекулациите за тоа дека ќе си замине почнаа по неговото разочарување поради вториот пораз во финалето на Лигата на шампионите во три години од градскиот ривал Реал, како и поради слабиот старт на Атлетико во тековната сезона во Ла Лига.
„Бев јасен, како што секогаш се обидувам да бидам. Ако видите некој израз на моето лице, така се чувствувам. Тогаш ми беше тешко поради поразот. Првата работа која спонтано ја реков е дека мора да размислам за продолжување овде. Сега сите зборуваат дека ќе си заминам за една година, година и пол. Луѓето може да зборуваат што сакаат, но јас и понатаму можам да го продолжам договорот“, изјави Симеоне.

 

Најнови вести