Корисничко име Лозинка Пријави се
22.12.2016

Анчелоти: Перфектни 30 минути

Карло Анчелоти, тренерот на Баерн Минхен, изјави дека е презадоволен по победата од 3-0 над Лајпциг во 15-тото коло на Бундеслигата.

„Баварците“ сега имаат 39 бодови на челната позиција, три повеќе од Лајпциг.
„Многу сум задоволен. Бевме агресивни од самиот почеток, веднаш ја презедовме контролата, а раниот гол го одреди текот на натпреварот. Алонсо заврши добра работа, тој е квалитетен играч, а Тијаго Алкантара добро ја разбра својата улога полушпиц“, изјави Анчелоти.
„Играчите ги исполнија моите очекувања, особено во првите 30 минути – тогаш сè беше совршено. Оваа победа ни дава самодоверба – моравме да се поправиме и тоа го направивме“, додаде тренерот на Баерн.
Од друга страна, Ралф Хазенхитл, тренерот на Лајпциг, изјави дека не треба да се очајува по поразот.
„И понатаму сме многу горди на сè што направивме досега, но 3-0 на полувремето... Тоа е лекција за нас. Игравме против најдобриот тим и му честитам на Баерн. Не игравме како врвен тим, иако и не беа сите подготвени“, изјави Хазенхитл.
Емил Форсберг беше исклучен во 30-тата минута по стартот над Филип Лам.
„Свесен е дека не направи добра работа, особено поради тоа што сега ќе пропушти неколку натпревари. Ѝ се извини на екипата. Сите правиме грешки, нема потреба да го демонизираме“, додаде тренерот на Лајпциг.

Најнови вести