Корисничко име Лозинка Пријави се
23.12.2016

На Шапекоенсе врачен трофејот на Копа Судамерикана

На екипата на Шапекоенсе ѝ е врачен трофејот победник на Копа Судамерикана.

На новиот претседател на бразилскиот клуб Плинио Давид де Нес Филјо трофејот му е врачен на церемонијата за ждрепката за наредната сезона на натпреварувањата во Копа Либертадорес и Копа Судамерикана.
Бразилскиот клуб доживеа голема трагедија кога на 28-ми ноември во Колумбија се сруши авионот со повеќето негови фудбалери, стручниот штаб, челниците на клубот и новинари, на пат кон Меделин, каде што Шапекоенсе требаше да игра против Атлетико Насионал, на првиот натпревар од финалето.
Во несреќата загинаа 71 лице, а шестмина преживеаја, од кои тројца фудбалери.
Јужноамериканската фудбалска конфедерација на почетокот на декември, по предлог на Атлетико Насионал, одлучи на Шапекоенсе да му се додели трофејот на Копа Судамерикана.
На претседателот на Шапекоенсе трофејот му го врачи претставникот на Атлетико Насионал, Даниел Хименес.
Де Нес Филјо ѝ се заблагодари на фудбалската заедница за поддршката и солидарноста, посебно на Атлетико Насионал.

Најнови вести