Корисничко име Лозинка Пријави се
24.12.2016

Две дербија во Кралскиот куп: Реал со Севилја, Барселона против Билбао

Извлечени се паровите за осминафиналето на Кралскиот куп, а најтрофејните шпански клубови Барселона и Реал Мадрид ќе имаат сериозни искушенија во борбата за пласман меѓу осумте најдобри.

Барселона, бранителот на трофејот, ќе игра против Атлетик Билбао. Овие две екипи во неколку претходни изданија играа и финални средби, така што може да се каже дека ова е вистинско дерби. Првиот натпревар се игра во Баскија, а реваншот на „Камп ноу“.
Ништо помалку интересно нема да биде во репризата на овогодишниот Суперкуп на Европа, меѓу Реал Мадрид и Севилја. Кралскиот клуб тогаш славеше, но сега трикратниот последователен освојувач на Лигата на Европа ќе има шанса за реванш, посебно бидејќи вториот натпревар се игра на негов терен.
Тешка задача го очекува и Атлетико Мадрид, кој ќе игра со Лас Палмас, а од поинтересните дуели треба да се издвојат натпреварите Реал Сосиедад – Вилјареал и Валенсија – Селта. Во четврт-финалето ќе се најде место и за еден второлигаш, откако двајцата претставници на Секунда лигата, Алкоркон и Кордоба ќе ги вкрстат копјата. Останатите парови на осминафиналето се Депортиво – Алавес и Осасуна – Еибар.

Најнови вести