Корисничко име Лозинка Пријави се
24.12.2016

Милан го совлада Јувентус и го освои Суперкупот

Фудбалерите на Милан го освоија Суперкупот на Италија победувајќи го, по подоброто изведување на пеналите, Јувентус во Доха со 5-4.

По регуларните 90 минути резултатот беше 1-1, тој резултат беше и по продолженијата, а на крајот одлучи тоа што не погоди Дибала (одбрани Донарума) и погодокот на Пашалиќ од белата точка.
Јувентус минатата сезона ја освои двојната круна во Италија, но играше против Милан во Суперкупот бидејќи токму „црвено-црните“ минатата сезона ги совлада во Купот на Италија.
Се чинеше дека „црно-белите“ повторно ќе бидат успешни. Поведоа со голот на Кјелини во 18-тата минута, но Бонавентура изедначи во 38-мата.
Лападула и Манџикиќ не погодија по еден пенал на двете страни, пред тоа да го направи и Дибала, а потоа Пашалиќ на Милан му ја обезбеди седмата титула на Суперкупот, а прва од 2011 година.

Најнови вести