Корисничко име Лозинка Пријави се
26.12.2016

Непристојна понуда од Кина: 50 милиони евра за Туран

Барселона доби понуда од Кина за турскиот репрезентативец Арда Туран.

По двата хет-трика во краток период, Арда Туран, играчот за врска на Барселона, можеше да очекува дека малку ќе му скокне цената на пазарот, но олку не ни можеше да сонува – 50 милиони евра за три сезони!
Толкава сума не му понуди Барселона, а и никој од родната Турција, туку од шесткратниот последователен шампион, екипата на Гвангжу Евергранде. 
Сега ќе биде тешко на „Камп ноу“ да ја одбијат понудата на Туран, кој дури не е ниту стандарден играч.
За Турчинот уште летоска се шпекулираше дека кариерата може да ја продолжи во најбројната земја, но по разговорот со раководството на сегашниот клуб, се откажа и се оддолжи со неочекувани 11 голови во сите натпреварувања. Дали тоа ќе биде доволна замена за многуте пари, останува да се види, а Барселона минатата година на Атлетико го плати 35милиони евра.

Најнови вести