Корисничко име Лозинка Пријави се
26.12.2016

ПСЖ го доведе Дракслер за 48 милиони евра

Парижаните го купија германскиот бисер, 23-годишниот Јулијан Дракслер од Волфсбург, каде што помина малку повеќе од една година.

Волфсбург му го продаде Јулијан Дракслер (23) на францускиот ПСЖ за 48 милиони евра и со тоа заработи 11 милиони, бидејќи пред 16 месеци од Шалке го доведе за 37 милиони евра.
Само оштетата за играчот изнесува 40 милиони евра, а дополнителните осум низ одредени бонуси. Според клаузулата, Шалке доби шест милиони евра.
Дракслер со овој трансфер стана втор најскап германски играч на сите времиња. Пред него е само уште еден млад ас, Лерој Сане, кого Манчестер сити летоска на Шалке му го плати 50 милиони евра.
Откако стигна од Шалке во редовите на „волците“, да го надомести трансферот на Кевин де Бројне во Сити, Јулијан на 45 натпревари постигна осум голови и имаше десет асистенции.
ПСЖ со тоа во трката за фудбалерот ги победи Арсенал и Ливерпул.

Најнови вести