26.12.2016 Клоп: Доволно сме добри за титулата
Јирген Клоп, тренерот на фудбалерите на Ливерпул, изјави дека оценил дека неговата екипа оваа сезона може да ја освои шампионската титула, прва во Премиер лигата.
Ливерпул не бил шампион на Англија уште од 1990 година, две години пред да биде основана Премиер лигата.
„Црвените“ во сезоната 2013/14 со тренерот Брендан Роџерс беа блиску до титулата, но шампионатот го завршија со два бода помалку од Манчестер сити.
Откако Клоп минатиот август ја презеде екипата, навивачите се надеваат дека клубот би можело да стане шампион на Англија.
„Не се работи во последните 25 годни. Сега ние сме тука. Ние сме сегашната генерација. Колку и да ги сакаме играчите од минатото коишто го создадоа клубот, ние не можеме да ја завршиме нивната работа. Мораме да ја завршиме нашата работа. Ајде да се обидеме да го направиме тоа. Доволно сме добри за такво нешто и овој клуб доволно е голем“, изјави Клоп за „Скај“.
Германскиот тренер додаде дека Ливерпул ќе успее да ги сочува некои играчи за коишто се заинтересирани големите клубови.
„Имаме сопственици какви што ни се потребни, бидејќи тие не мораат да продаваат играчи. Од нашиот клуб никој не мора да си оди поради пари. Не сме клуб кој најдобро ги плаќа играчите, но можеме да ги платиме доволно за да останат. Овој момент во Ливерпул е фантастичен и мораме да го искористиме. Моментно сме многу добри, иднината е светла, па ајде да се обидеме“, изјави Клоп.
По 17 одиграни кола во Премиер лигата, Ливерпул е втор на табелата со 37 бодови, шест помалку од Челзи.