Корисничко име Лозинка Пријави се
26.12.2016

Родригес не оди никаде во јануари

Колумбискиот фудбалер Џејмс Родригес нема да го напушти Реал Мадрид во зимскиот преоден рок, изјави неговиот агент Хорхе Мендес.

„Џејмс нема да го напушти Реал во јануари и тоа е сè што можам да ви кажам во овој момент“, изјави Мендес за шпанскиот „АС“.
Родригес минатата недела изјави дека би можело да го напушти клубот поради малата минутажа кај тренерот Зинедин Зидан.
Јувентус, шампионот на Италија, беше заинтересиран да го доведе 25-годишниот фудбалер во зимскиот преоден рок, но тој сепак ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“.
Родригес во 2014 година дојде во Реал и тогаш со клубот потпиша шестгодишен договор.
На Реал Мадрид неодамна му беше намалена казната за доведување играчи, па кралскиот клуб само оваа зима нема да може да купува играчи.
Реал моментно е лидер во Примера лигата со 37 освоени бодови, три повеќе од Барселона, но и со натпревар помалку.

Најнови вести