Корисничко име Лозинка Пријави се
26.12.2016

Мхитарјан: Јунајтед не се откажува од борбата за титулата

Хенрих Мхитарјан, фудбалерот на Манчестер јунајтед, изјави дека клубот од „Олд Трафорд“ не се откажал од титулата во Премиер лигата.

Јунајтед по слабиот старт на сезоната, влезе во добра форма, но по 17 одиграни кола, зад лидерот Челзи заостанува дури со 13 бодови.
Поранешниот играч на Дортмунд изјави дека смета дека таа предност на лондонскиот тим е достижна.
„Се надевам дека ќе имаме одлична сезона до крајот. Се надевам дека во 2017 година ќе освоиме некои трофеи. Но, во овој момент многу заостануваме. Сепак, сè уште не сме се откажале, не сме надвор од борбата за титулата. Има уште многу до крајот, се надеваме дека ќе бидеме барем во Топ 4“, изјави Мхитарјан.

Најнови вести