Корисничко име Лозинка Пријави се
26.12.2016

Глупост на Фирмино на Божиќ, навивачите бараат Клоп да го изостави

Фудбалерите на Ливерпул не играат на Боксинг деј, но утре на свој терен ќе го дочекаат Стоук, а навивачите покренаа иницијатива менаџерот Јирген Клоп да го изостави Роберто Фирмино.

Бразилецот вчера направил голема глупост, возел во пијана состојба, а полицијата го запрела, па го очекува казна.
Во полицискиот извештај се наведува дека 25-годишно машко лице во саботата, во раните утрински часови бил запрен во центарот на Ливерпул поради возење во алкохолизирана состојба.
Навивачите не ја поздравија оваа вест, напротив, го осудија ваквото непрофесионално однесување на Фирмино.
Некои навивачи потсетија и на случајот со Мамаду Сако, кој поради недисциплина беше отстранет од екипата и од летоска не е ниту вратен во составот.

Најнови вести