Корисничко име Лозинка Пријави се
27.12.2016

Жозе: Убав гол, но Мхитарјан придонесува многу повеќе

Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, изјави дека Хенрих Мхитарјан во текот на целата кариера постигнувал извонредни голови.

Мурињо изјави дека сепак тоа не е единствениот придонес на најдобриот ерменски фудбалер, туку дека тој многу ѝ дава на екипата.
Мхитарјан во триумфот на Јунајтед над Сандерленд со 3-1 постигна феноменален гол, иако се наоѓаше во очигледен офсајд.
„Во текот на целата кариера постигнуваше преубави голови, но во овој момент придонесува не само со головите, туку и со дефанзивната игра, со креативноста... Многу сум среќен што се врати по повредата. Среќен е и чувствува дека луѓето на ’Олд Трафорд’ го сакаат, и тоа му е многу важно“, изјави Мурињо.
„Мики е одличен играч и тоа беше прекрасен погодок. Многу сум среќен за него и што можам да играм со него“, изјави Дејли Блинд, стрелецот на првиот погодок за „црвените ѓаволи“ на оваа средба.
„Се отвори простор во којшто можев да втрчам, Златан ми ја додаде топката и јас завршив. Тоа беше добар погодок и многу важен, бидејќи е постигнат пред одењето на пауза“, додаде Блинд.

Најнови вести