Корисничко име Лозинка Пријави се
27.12.2016

Конте: Не е лесно да се добијат 12 во низа во Англија

Антонио Конте, менаџерот на Челзи, изјави дека не е лесно да се остварат 12 последователни победи во Премиер лигата и дека неговата екипа мора да продолжи да игра добро.

Челзи вчера го победи Барнли со 3-0 во натпреварот од 18-тото коло на Премиер лигата и се зацврсти на првото место на табелата.
„Во оваа Лига не е лесно да се остварат 12 последователни победи. Тоа е фантастична низа, но важно е да продолжиме така. За четири дена нè чека уште еден тежок натпревар (против Стоук) и мораме да се подготвиме, бидејќи сега сите екипи сакаат да нè победат“, изјави Конте.
Во екипата на Челзи поради суспензија не беа Диего Коста и Н’голо Канте, најдобрите стрелци на Премиер лигата, а Конте изјави дека екипата испратила добра порака, бидејќи сите многу сакаа да видат што ќе се случи кога не играат тие двајца.
„Одигравме добар натпревар, можевме да постигнеме повеќе голови, но задоволен сум од ставот на играчите. Игравме без двајца важни играчи, но мислам дека одигравме многу добро. Ова беше прв пат да играме без вистински напаѓач, тоа се обидовме на тренингот и мислам дека сме во добра ситуација. Не треба да се заборави Миши Батшуаји, тој е млад играч, многу талентиран. Се прилагодува на оваа Лига, верувам во него и сметам на него“, изјави Конте.
По 18 одиграни кола, Челзи е прв на табелата со 46 бодови, девет повеќе од Ливерпул и од Арсенал.

Најнови вести