27.12.2016 Интер го сака Леива на заем во јануари
Интер од Милано сака да го доведе на заем Лукас Леива, играчот на Ливерпул, до крајот на сезоната.
Како што пренесува Би-би-си, сè уште не е постигнат договор, но Интер сака да го доведе дваесет и деветгодишниот Бразилец пред почетокот на вториот дел на првенството, на осми јануари.
Извор од клубот изјави дека има голема можност да се договорат Ливерпул и Интер.
Лукас во 2007 година од бразилскиот Гремио направи трансфер во Ливерпул, за кого одигра 324 натпревари во сите натпреварувања и постигна шест погодоци.
Тој оваа сезона почна само три првенствени натпревари.
За репрезентацијата на Бразил одигра 24 натпревари.