28.12.2016 Севилја го сака Мартијал
Шпанската Севилја е заинтересирана да го доведе Антони Мартијал, младиот напаѓач на Манчестер јунајтед.
Французинот не е редовно стартер кај Жозе Мурињо, но оваа сезона на 17 натпревари постигна четири гола за „црвените ѓаволи“.
Радио Монтекарло пренесува дека Мончи, спортскиот директор на Андалузијците,веќе контактирал со претставниците на Мартијал за да види дали е можен потенцијален заем.
Севилја оваа сезона има проблеми со нападот, а тренерот Хорхе Сампаоли моментно може да смета само на два класични центарфори – Лусијано Вјето и Висам Бен Јердер.
Проблем за Севилја е што Јунајтед нема намера да се откаже од 21-годишниот напаѓач платен 65 милиони евра во септември 2015 година, како и неговата годишна плата од 3,5 милиони евра.
Мартијал не би можел да игра за Севилја во осминафиналето на Лигата на шампионите бидејќи веќе настапуваше за Јунајтед во Лигата на Европа.
Како алтернатива за него, шпанските медиуми наведуваат дека Севилја е заинтересирана за Маријано Дијаз, напаѓачот на Реал Мадрид.