Корисничко име Лозинка Пријави се
28.12.2016

Вилшер: Челзи изгледа шампионски

Џек Вилшер и неговиот Борнмут беа 12-та последователна жртва на Челзи во Премиер лигата, и играчот за врска кој е на заем од Арсенал свесен е дека во овој момент „сините“ немаат конкуренција.

Борнмут во понеделникот беше поразен на „Стемфорд бриџ“ со 3-0, со што е продолжена импресивната серија на екипата на Антонио Конте.
„Во овој момент, Челзи изгледа како шампион. За мене тие се најдобриот тим во Лигата. Многу се силни и почнуваат да создаваат голема разлика во однос на останатите тимови, што со текот на времето ќе биде тешко да се надополни. Но, не можеме да кажеме дека тие се дефинитивни шампиони, има уште доста да се игра и во фудбалот сè е можно. Повредите многу можат да ја променат ситуацијата. Моментно, тие се најсилни, но ништо не е завршено“, изјави Вилшер.
Челзи го држи првото место на табелата на Премиер лигата со шест бодови повеќе од Ливерпул.

 

Најнови вести