Корисничко име Лозинка Пријави се
30.12.2016

Добри вести за Венгер: Мустафи подготвен за Палас

Шкодран Мустафи, дефанзивниот играч на Арсенал, закрепна од повредата на задниот дел на бутниот мускул, поради која паузираше три седмици

Арсен Венгер изјави дека репрезентативецот на Германија е подготвен за натпреварот со Кристал палас.
„Шкодран им се врати на нормалните тренинзи и ќе биде во конкуренција“, изјави Венгер.
Покрај Мустафи, на целосните тренинзите се вратија Дани Велбек, кој нема одиграно ниту минута оваа сезона, и Алекс Окслејд-Чемберлен.
Натпреварот меѓу Арсенал и Кристал палас на програмата е утре од 16 часот.

Најнови вести