Корисничко име Лозинка Пријави се
31.12.2016

Руни го пропушта последниот натпревар годинава на „Олд Трафорд“

Жозе Мурињо нема да може да смета на Вејн Руни, капитенот на Манчестер јунајтед, ниту во последниот натпревар во 2016 година против Мидлсборо.

Руни не играше ниту за Боксинг деј во триумфот над Сандерленд, откако на тренингот пред дуелот со „црните мачки“ доживеа повреда.
„Повреден е. Руни нема да игра. Од друга страна, Лук Шоу тренира со полн интензитет, но не верувам дека ќе почне“, изјави Мурињо.
Јунајтед се наоѓа во многу добра форма изминатиов месец, а моментно е шести на табелата со 33 освоени бода, 13 помалку од водечкиот Челзи.
Манчестер јунајтед денес ќе го дочека Мидлсборо, од 16 часот на „Олд Трафорд“.

Најнови вести