Корисничко име Лозинка Пријави се
02.1.2017

Пол Клемент нов тренер на Свонси

Свонси утре ќе го именува Англичанецот Пол Клемент за нов тренер, пренесоа британските медиуми.

Како што пренесе „Телеграф“, Клемент се договорил околу условите за работата во велшкиот клуб и утре ќе ги запознае играчите, пред натпреварот во Премиер лигата со Кристал палас.
Тој натпреварот ќе го гледа од трибините, а на клупата ќе дебитира во сабота, во дуелот против Хал, во третото коло на ФА купот.
Клемент моментно е прв помошник на Карло Анчелоти во Баерн од Минхен.
Тој со тоа ќе стане трет тренер на Свонси во оваа сезона, бидејќи на почетокот на октомври беше отпуштен Италијанецот Франческо Гвидолин, а на крајот на декември и Американецот Боб Бредли, само по 85 дена на клупата.
Медиумите претходните дена шпекулираа за кандидатите за тренер на Свонси, а се споменуваа поранешниот фудбалер Рајан Гигс и селекторот на Велс, Крис Колмен.
По 19 одиграни кола, Свонси е последен на табелата со 12 бодови, а вчера на својот стадион „Либерти“, изгуби од Борнмут со 0-3 и го претрпе четвртиот последователен пораз. Свонси се наоѓа на четири бода од сигурната зона.

Најнови вести