Корисничко име Лозинка Пријави се
02.1.2017

Зидан: Ги сакаме сите трофеи во 2017 година

Зинедин Зидан, тренерот на Реал од Мадрид, изјави дека неговиот тим во 2017 година ќе се обиде да ги освои сите натпреварувања во коишто настапува.

Реал имаше доста успешна 2016 година во текот на која ги освои: Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.
„Ќе дадеме сè од себе да освоиме сè што е пред нас. Сите натпревари се важни, на крајот на краиштата, сакаме да ги усреќиме играчите, но исто така и луѓето коишто го поддржуваат овој тим“, изјави Зидан.
На навивачите им се обрати и капитенот Серхио Рамос.
„Како и секогаш, ги сакаме трите трофеи, Лигата на шампионите, Примера лигата и Купот, но и останатите трофеи. Ќе се обидеме да играме добар фудбал, да дадеме сè за грбот којшто го носиме и потоа сè ќе биде полесно“, изјави Рамос.

Најнови вести