Корисничко име Лозинка Пријави се
02.1.2017

Венгер: Голот на Жиру во Топ 5

Арсен Венгер изјави дека голот на Оливие Жиру е меѓу петте најдобри откако тој е на клупата на Арсенал.

Жиру во натпреварот против Кристал палас во 17-тата минута постигна спектакуларен гол со шкорпион удар под пречката, а покрај Венгер, на потегот на Французинот аплаудираше дури и Сем Алардајс.
Венгер е веќе 20 години на клупата на Арсенал и во текот на тој период видел неколку брилијантни голови.
„Тоа не се вежба на тренинг, бидејќи едноставно тоа е рефлекс. Тој голот го претвори во уметност. Ќе биде запаметен како голот на Жиру кој никој нема да го заборави. Луѓето поради вакви работи доаѓаат на натпреварите. Во текот на кариерата имав одлични играчи, но овој гол е во Топ 5. Беркамп против Лестер и Њукасл, Анри против Реал и Ливерпул, Кану против Челзи“, изјави Венгер за головите коишто нему му оставиле најголем впечаток.

Најнови вести