Корисничко име Лозинка Пријави се
03.1.2017

Гвардиола: Се ближам кон крајот на кариерата

Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити, по победата на „граѓаните“ со 2-1 против Барнли, ја шокираше јавноста со изјавата дека веќе размислува за крај на неговата тренерска кариера.

Шпанецот пред половина година го презеде Сити, кој го бркаше три години, додека го водеше Баерн Минхен. Гвардиола со германскиот гигант освои три титули во Бундеслигата, а претходно со Барселона освои сè што може да се освои, вклучувајќи ги и двата трофеи во Лигата на шампионите.
Минатото лето потпиша тригодишен договор со Сити, а тој верува дека тоа е оптимално време кое некој може да го посвети на еден клуб. Но, иако со тренерската кариера се занимава помалку од една година, вчера шокантно објави дека го почнал процесот на збогување.
„Ќе бидам во Манчестер сити во наредните три сезони, можеби и подолго, но се ближам кон крајот на својата тренерска кариера, во тоа сум сигурен“, изјави Гвардиола за Ен-би-си по победата над Барнли.
„Нема да бидам на клупата на 60 или на 65 години. Чувствувам дека сум го почнал својот процес на збогување“, додаде тренерот на Сити.
Гвардиола своето деби во професионалниот фудбал го имаше во 2008 година на „Камп ноу“, откако претходно 12 месеци го водеше вториот тим на Барселона.

 

Најнови вести