Корисничко име Лозинка Пријави се
03.1.2017

Стариџ помина без повреда, Милнер и Хендерсон ќе одморат викендов

Ливерпул од Сандерленд се врати без два важни бода, но има и добра вест, повредата на Даниел Стариџ не е тешка.

Стариџ прв пат стартуваше од средината на октомври. Постигна гол во 19-тата минута, но беше изведен десет минути пред крајот со видни проблеми.
„Доби силен удар во глуждот. Сè ќе биде во ред со Даниел“, изјави германскиот стручњак Јирген Клоп.
Тој додаде дека и Џејмс Милнер исто така поради внимателност беше изведен на полувремето, како и тоа дека повредата на капитенот Џордан Хендерсон не е тешка, но дека нема да биде во составот за натпреварот од ФА купот против Плимут.

Најнови вести