Корисничко име Лозинка Пријави се
03.1.2017

Барселона има решение ако Енрике замине

Каталонците не можеа да изберат адекватна замена – тренер кој го познава клубот, ДНК-та на Барселона, и кој бил дел од познатиот Дрим тим.

Информацијата стигна ова утро кога се во прашање тренерските трансфери, Барселона веќе пронајде замена ако Луис Енрике не го продолжи договорот.
Како што пренесуваат „Скај Италија“ и каталонскиот „Спорт“, Роналд Куман е првиот пик за клупата на Барселона доколку си оди Луис Енрике.
Наводно, Каталонците уште сега го контактирале Куман и го ставиле на чекање, односно го предупредиле на можен повик.
Куман без размислување, во кој било момент, би го прифатил повикот од Барселона, а тоа никогаш не го ни криел.
Тој во овој момент, од една страна, се чини како логичен избор, поради тоа што го познава клубот, напаѓачката филозофија на Барселона, бидејќи како играч беше клучен во мозаикот на Јохан Кројф и во 1992 година ја донесе првата европска круна со голот во 112-тата минута против Сампдорија.
Но, од друга страна,  се поставува прашањето дали Роналд Куман е подготвен да тренира еден таков голем тим по Валенсија, АЗ Алкмар, Феенорд, Саутхемптон и Евертон во последните десет години?!
Колку и да изгледа дека е млад тренер, тоа воопшто не е така, бидејќи Куман со тренерска работа почна да се занимава во далечната 1998 година, кога му беше асистент на Луис ван Хал токму во Барселона.
Дали Куман е вистинско решение за клупата на Барселона доколку си оди Луис Енрике, засега делува дека е, бидејќи во овој момент нема други звучни опции.

 

Најнови вести