04.1.2017 Хал го отпушти менаџерот
Мајк Фелан доби отказ на местото менаџер на Хал, објави клубот.
Фелан минатата сезона му беше асистент на Стив Брус, на почетокот на оваа сезона доби шанса самостојно да го води тимот, но со слабиот тим не успеа да оствари позначајни резултати. „Тигрите“ се последни на табелата со 13 освоени бодови и победија само на еден од последните 18 натпревари.
„Му благодариме на Мајк за неговите напори во последните две години. Потрагата за негова замена е почната“, наведоа од клубот.
Во текот на кариерата Фелан му беше асистент на Алекс Фергусон во Манчестер јунајтед, а работеше и во Норвич, Стокпорт и Блекпул.