Корисничко име Лозинка Пријави се
04.1.2017

Кејн: Не сакаме Челзи против нас да оствари рекорд

Хари Кејн, напаѓачот на Тотенхем, изјави дека неговиот тим не би сакал да биде запишан во историјата како тим над кого Челзи остварил рекорд.

„Сините“ се во низа од 13 победи во една сезона на Премиер лигата, со што е изедначен учинокот на Арсенал од сезоната 2001/02.
„Дефинитивно не сакаме да бидеме екипа која дозволила Челзи да го собори рекордот. Тоа ни е во мислите, разговаравме за тоа во соблекувалната. Целосно сме сконцентрирани, ќе биде одличен натпревар и едвај го чекаме“, изјави Кејн.
Минатата сезона Челзи избори реми 2-2 на „Стемфорд бриџ“ и со тоа ја прекина надежта на Тотенхем дека може да ја освои титулата.
„Сега сме подобар тим оттогаш, мислам дека имаме и четири-пет бодови повеќе отколку во таа фаза минатата сезона. Тоа покажува дека сме на вистинскиот пат, посилни сме, подобри и поискусни“, изјави Кејн.
Натпреварот меѓу Тотенхем и Челзи се игра вечерва, од 21 часот на „Вајт харт лејн“.

Најнови вести