Корисничко име Лозинка Пријави се
04.1.2017

Како Африканскиот куп на нациите ќе влијае врз Премиер лигата

Триесет и првиот Африкански куп на нациите се игра од 14-ти јануари до петти февруари во Габон. Освен борбата за титулата на Африка, тоа натпреварување ќе има големо влијание врз европските фудбалски лиги, бидејќи поголемиот број од учесниците платите ги заработуваат на Стариот континент.

Дваесет и шестмина играчи од Премиер лигата се поздравуваат оваа седмица од своите 13 клубови и тргнуваат на пат кон централниот дел на Африка, каде што во наредниот месец ќе се борат за титулата најдобар на Црниот континент.
Иако менаџерите и сопствениците на клубовите, по правилото, не сакаат ниту едно репрезентативно натпреварување, многу најнепопуларно меѓу нив е она кое се игра во Африка, бидејќи специфичноста на климата на тој огромен континент условува да се игра само во јануари, бидејќи само тогаш во ниту еден негов агол не е сезона на силни дождови.
Габон, сместен на самиот екватор и атланскиот брег, нуди сосема поинакви услови за живот во текот на јануари од оној во западниот дел на Европа и аклиматизацијата ќе направи дополнителен проблем.
Меѓу патниците во Габон се и некои од ѕвездите на лигите, како Ријад Марез, Садио Мане, Ерик Бејли или Вилфрид Заха.
Лестер ќе биде тешко погоден, бидејќи покрај Марез, за Алжир игра и Ислам Слимани, додека Даниел Амарти само што се прилагоди на англиското елитно натпреварување, го облекува дресот на Гана.
Тешко ќе биде и во Вест хем, бидејќи во Габон ќе играат Андре Ају, Софијан Фегули и Шеику Кујате, во Ватфорд, кој на пат ги испраќа Нордин Амрабат, Адлен Гедиура и Брис Џа Џеџе, како и во Стоук, чии претставници ќе бидат Вилфрид Бони, Маме Бирам Диуф и Рамадан Соби.
Уште потешко ќе биде во Сандерленд, кој мора да се бори за опстанок без Ваби Казри, Ламин Коне и Дидие Н’донг, кој прерасна во клучен играч на Мојс.
Во Габон ќе игра и еден играч од играчите на сезоната, Идрис Геј, клучниот напаѓач на Палас Вилфрид Заха, најскапото засилување на Саутхемптон, Софијан Буфал и тандемот на веќе прекраткиот Хал, Ахмед Елмохамади и Диумерси Мбокани.
Новогодишните ривали Борнмут и Арсенал поминаа добро, бидејќи на пат ќе испратат играчи кои не спаѓаат во клучни: Макс Градел, Исмаел Бенасер и Мохамед Елнени.
Тие коишто ќе испаднат во првата фаза, теоретски можат да се вратат само по две одиграни кола, иако тоа е малку затегнато, додека учесниците во полуфиналето ќе прескокнат четири рунди.
На седум екипи нема да им бидат скратени услугите од нивните фудбалери: Барнли, Челзи, Манчестер сити, Мидлсборо, Свонси, Тотенхем и Вест Бромич албион.

Најнови вести