Корисничко име Лозинка Пријави се
04.1.2017

Гвардиола: Сити е десет години зад Јунајтед

Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити, изјави дека неговиот клуб е десет години зад градскиот ривал Јунајтед.

Тој изјави дека традицијата и континуитетот се поважни од еден трофеј.
„Манчестер сити е десет години оддалечен од Јунајтед. Нашиот клуб нема историја, ниту трофеи како Барселона, Јувентус, Баерн или Манчестер јунајтед. Важно е да се биде во Европа, во Лигата на шампионите секоја година, и така цела деценија. Тоа е поважно од еден трофеј, верувајте ми“, изјави менаџерот на Сити.
Гвардиола додаде дека во текот на тренерската кариера имал доста успех, но и среќа за да го постигне сето тоа.
„Имав многу успех, тоа е поради тоа што напорно работам и многу сум добар во својата работа. Но, исто така имав и доста среќа да тренирам врвни играчи во своите клубови. Освојував трофеи со неверојатни клубови со голема историја. Не можете да замислите колку добри играчи се тоа“, изјави Шпанецот.

Најнови вести